Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕФОТ НА ВАГНЕР ИМА ОДГОВОР ЗА ВУЧИЌ - јас не регрутирам Срби, вели Пригожин

ШЕФОТ НА ВАГНЕР ИМА ОДГОВОР ЗА ВУЧИЌ - јас не регрутирам Срби, вели Пригожин

Руската паравоена група Вагнер негираше дека регрутирала Срби за да се борат против украинските сили, еден ден откако активисти поднесоа кривична пријава против организацијата во Белград.

Меѓу пријавените се и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко и Александар Вулин, шеф на српската безбедносно-информативна агенција (БИА).

Шефот на Вагнер негира се

„Јас не регрутирам Срби“, рече основачот на Вагнер, Јевгениј Пригожин во изјавата, додавајќи дека до сега не слушнал за Боцан-Харченко и Вулин.

Претходно оваа недела, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Русија треба да ги прекине сите напори за регрутирање Срби да се борат заедно со силите на Вагнер. Тој додаде дека руските веб-страници и групите на социјалните мрежи објавуваат огласи на српски јазик во кои Вагнер бара волонтери.

Соединетите Држави соопштија дека воведуваат нови санкции за групата Вагнер, обвинувајќи ја за купување севернокорејско оружје за војната во Украина, што Вагнер го негира, како и за регрутирање руски затвореници.

Слично

Поврзани вести