ШЕФОТ НА ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА ПУТИН Е СУСПЕНДИРАН - димна бомба фрлена на лимузината на рускиот претседател
На лимузината во кој се возел рускиот претседател Владимир Путин буила фрлена димна бомба, а бил избегнат атентат, пишува Дејли Мејл повикувајќи се на рускиот канал Генерал СВР на Телеграм.
Овој канал редовно објавува инсајдерски информации за Кремљ и за лидерот, но тие не се целосно потврдени. Малку луѓе знаеле дека Путин ќе поминува токму низ тој кварт, а по чадот кој се појавил кај левото тркало, лимузината се тргнала на безбедно.
Веднаш биле уапсени повеќе телохранители, а некои исчезнале по инцидентот. Лимузината на Путин била трето возило од конвојот од пет автомобили кои возеле назад кон неговата резиденција. Тој се враќал дома, а станал „мамка“, се вели на Телеграм. Наводно возило од брза помош го блокирало првиот автомобил во конвојот.
„Потоа, пронајдено е телото на маж кој возел брза помош, кој го блокирал првиот автомобил од конвојот“, се вели во текстот.
Каналот, кој не дава цврсти докази за своите наводи, вели дека ова се „доверливи“ информации.
„Шефот на телохранителската служба на претседателот и уште неколку лица се суспендирани и се во притвор. За движењето на претседателот во овој кварт знаеле само тесен круг на луѓе, а сите биле од службата за безбедност на претседателот. По инцидентот, тројца исчезнале. Тоа биле луѓето кои се наоѓале во првиот автомобил од конвојот. Нивната судбина засега не е позната“, се тврди во објавата.
