Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на „Google“ веќе е најплатениот извршен директор во САД

Шефот на „Google“ веќе е најплатениот извршен директор во САД

Главниот извршен директор на „Google“, Сундар Пичаи, добил удел на компанијата во вредност од 199 милиони долари, што го прави највисоко платениот шеф на компанија во САД.

Пичаи, кој ја презеде функцијата во октомври по реорганизацијата и прогласувањето на холдинг компанија Alphabet, добил 273 328 акции, кои во тоа време биле на вредност 199 милиони долари, се вели во известувањето на „Google“ до регулаторните органи, пишува Guardian.

147997_1

Со новите акции уделот на Пичаи во Alphabet расте до близу 650 милиони долари, или 14 440 пати колку што е во просек состојбата на американските граѓани во износ од 45 000 долари, пресметано од Credit Suisse.

Акциите ќе влегуваат етапно во сопственост на Пичаи до 2019 година . Состојбата на Пичаи сепак останува доста под богатството на основачите на „Google“ Лари Пејџ и Сергеј Брин, кои располагаат со 34,6 милијарди долари и 33.9 милијарди долари, односно, според Forbes.

Поранешниот извршен директор на „Google“ Ерик Шмит, пак, има акции за 3 милијарди долари.

Пичай не единствениот раководител во „Google“, кој добил сериозна сума во форма на акции. Финансискиот директор на Alphabet Рут добила акции во вредност од 38 милиони долари. Кога се приклучи на компанијата минатата година таа доби бонус во висина од 30 милиони долари. Дајен Грин, која раководи со технологија во „Google“ пак добила акции за 42.8 милиони долари.

Слично

Поврзани вести