Шефот на германските разузнавачи: Киев ги фалсификуваше податоците за уривањето на авионот MH17
Шефот на федералната разузнавачка служба на Германија Герхард Шиндлер изјави дека Киев фалсификувал некои податоци за резултатите од истрагата на малезискиот боинг кој се урна кај Доњецк ова лето, пишува германски Шпигл, пренесува РИА Новости.
Фотографските докази во истрагата за несреќата кои ги обелодини Украина се фалсификувани и „постојат детали кои укажуваат на тоа“, го цитира Шпигл Шиндлер.
Шиндлер на 8 октомври прв пат го претстави извештајот за несреќата на малезискиот боинг на летот MH17 пред Одборот за надзор на работата на разузнавачката служба на германскиот парламент. Во извештајот приложил и сателитски сники и фотографски докази.
Службата смета дека проруските сили во Донбас го урнале малезискиот авион со ракета исфрлена од системот „бук“, но не понуди ниту еден доказ за тоа, наведува РИА Новости. Исто така сметаат дека украинскта армија не го срушила авионот.
Боингот „Малезија ерлајнс“ на летот MH17 е урнат на истокот од Украина на 17 јули додека од Амстердам летал за Куала Лампур. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа.
