Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот на ЕПЛ порачува: За нас казна, за Европа-откази!

Шефот на ЕПЛ порачува: За нас казна, за Европа-откази!

Откако што е изречена најголемата даночна казна некогаш, шефот на казнетиот Епл, Тим Кук им напиша писмо на корисниците во кое порачува дека со одлуката на ЕК ќе настрадаат работните места.

Пред 36 години, многу пред претставувањето на ајфонот, ајподот и Меккот, Стив Џобс ги покрена првите Епл бизниси во Европа. Во тоа време, компанијата знаела дека поради купувачите во Европа, мора тука да направат база. Во октомври 1980 година, Епл отвори фабрика во Корка, Ирска со 60 работници“, го почнува своето писмо извршниот директор на ЕПЛ , Тим Кук.

Кук понатаму пишува дека Корка во тоа време страдал од висока невработеност и екстремно ниски инвестиции. Денес, Епл вработува околу 6000 луѓе ширум Ирска, а голем дел , вклучувајќи и некои од првите работници уште се наоѓаат во Корка.

Успехот на Епл, продолжува Кук, помогнал да се создадат и одржат 1,5 милион работни места ширум Европа-оние во Епл, како и оние во компаниите кои соработуваат со Епл.

„Како што растеше нашата работа со годините, станавме најголем даночен обврзник во Ирска, најголем даночен обврзник во САД, и најголем даночен обврзник во светот. Добивме упатства од ирските даночни власти за тоа како да работиме во согласност со ирскиот даночен закон-истите совети кои на располагање ги имаат сите компании кои работат таму. Во Ирска и секоја друга команија каде што работиме, ЕПЛ го почитува законот, и ги плаќа даноците кои ги должи“, вели Кук.

Шефот на ЕПЛ вели дека „Европската комисија се обидува повторно да ја напише историјата на Епл во Европа, игнорирајќи ги ирските даночни закони“. Тврдат како казната не е издржана во факти и законот иако никогаш не барале ниту добиле посебни понуди.

„Сега се наоѓаме во необична позиција-наредено ни е ретроактивно да платиме додатни даноци на владата која ни кажува дека не им должиме ништо повеќе од она што го плативме“, вели тој и додава дека даноците за мултинационални компании се комплексни, но дека основно правило ширум светот е да добивката на фирма која треба да се оданочи во државата во која е направена добивката.

Кук вели дека Епл и Ирска и САД се согласни околу тој принцип.

„Речиси сите наши истражувања и развој се одвиваа во Калифорнија, така што поголемиот дел од нашата добивка се оданочува во САД. Европските компании кои работат во САД се оданочуваат по истиот принцип. Но, Комисијата сега ретроактивно повикува на промена на тие правила. Освен очигледната штата за Епл, поголема штета од ова решение ќе биде ефект кој ова правилно ќе го остави на инвестициите и создавањето на бизниси во Европа. Според Комсијата, секоја држава во Ирска и ширум Европа одеднаш е во ризик да биде подложена на даноци и закони кои никогаш не постоеле“, пишува Кук.

Тој додава како Епл веќе долг период ја поддржува меѓународната даночна реформа и дека сака да биде поедноставна и појасна. Тие закони, вели, не би требало да изгледаат ретроактивно.

„Веруваме дека фактите и правните нечела на кои се заснова ЕУ на крај ќе надвладеат“, заклучува Кук во писмото.

Слично

Поврзани вести