Шефот на безбедносните сили на Хамас и неговото семејство загинаа во Газа
Шефот на безбедносните сили на Хамас, Џехад Мхајсен е убиен во Газа, пренесе Би-Би-Си. Информацијата ја потврдија и медиумите блиски до палестинската милитантна група.
Загинале и членови на семејството на Џехад Мхајсен. Вдовицата на ко-основачот на Хамас, Абдел Азиз ал-Рантиси наводно е убиена во текот на изминатата ноќ.
Тие се последните високи членови на Хамас кои загинаа во она што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како „долга војна што неговата земја ја води против Хамас“.
Некои светски агенции вчера јавија дека Џамила Ал-Шанти, првата жена избрана во политичкото раководство на Хамас е убиена во израелски напад.
Претходно неделава, израелските одбранбени сили објавија дека Ајман Нофал, опишан како „висок функционер на Хамас“, исто така е убиен.
Израелски војници денеска убија девет Палестинци на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ѝм рекол на војниците на границата со Газа дека наскоро ќе ја видат Газа „одвнатре“, соопшти неговиот кабинет. Веројатно ќе почнат со копнена офанзива.foto AFP
