Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шефот им подари кола, стан и накит

Шефот им подари кола, стан и накит
Великодушен работодавач во Индија ги израдува своите 1.200 вработени подарувајќи им нови автомобили, депозити за станови и накит вреден неколку илјади долари. Се тоа како награда за лојалност. Трговецот со дијаманти Савиџбаи Долакиа од градот Сурат, западна Индија, им врачи подароци на вработените, во пресрет на најголемиот индиски празник, фестивалот на светлоста Дивали. Подароците се дел од програмата за лојалност вредна 50 милијарди рупии (815 милиони долари), кој го покрена компанијата Хари Кришна експортс. „Ги наградивме вработените кои низ годините придонесуваа за развојот на компанијата. Тие го жртвуваа својот семеен живот за напредокот на фирмата и заради тоа заслужуваат да бидат наградени“, изјавил Долакиа за Франс прес. Повеќето работодавачи во Индија на своите вработени им даваат подароци за фестивалот Дивали, но обично тоа се е само кутија со слатки. Но, Хари Кришна експортс во Индија веќе пет години спроведува програма на лојалност, во рамките на кој работниците добиваат поени во 25 категории, но годинава наградите биле посебно високи. „Подаривме станови за 207 работници, автомобили за 491 и накит за 500. Депозитите за становите им се поделени на оние кои немаа стан, а автомобилите се за оние кои веќе имале свој дом“, појасни претседателот на фирмата. Накитот во вредност од максимално 5.860 долари по парче, им бил поделен на вработените како подарок за нивните сопруги, бидејќи тие „индиректно придонеле за развојот на фирмата“.
Слично

Поврзани вести