Шеф на компанија вредна 800 милиони долари се уште живее со својот татко
Една од најпопуларните стартап компании во светот во моментов се нарекува Snapchat . Snapchat прави апликација која им овозможува на корисниците да праќаат слики и видео , кои исчезнуваат по максимум 10 секунди . Вкупно 9 % од сите Американци кои поседуваат мобилни телефони , ја користат апликацијата Snapchat , покажува истражувањето на Pew Research Center .
Snapchat доби финансирање во износ од 60 милиони долари во јуни , што ја одредува пазарната вредност на компанијата од 800 милиони долари. Сепак, во свое интервју за AP, извршниот директор на Snapchat, Еван Спигел вели дека продолжува да живее со својот татко . На прашањето како така , Спигел одговара дека " киријата не е висока".
На прв поглед, ова е изненадувачки одговор , бидејќи Спигел располага со доволно пари за сопствено живеалиште . Акционерите во Snapchat дозволија Спигел и друг коосновач да разменат дел од своите акции по 10 милиони долари за секој од нив . Спигел исто така најверојатно заработува доволно пари во форма на плата .
Според голем број на извори, платите на шефовите на слични стартап компании изнесуваат помеѓу 60 000 и 260 000 долари годишно . Спигел сигурно би можел да искористи дел од овие пари за да си најде добар стан во близина на седиштето на Snapchat во Венис Бич , Јужна Калифорнија .
Еве и нешто што сепак малку луѓе знаат : таткото на Спигел живее во прилично луксузно соседството , во кое за неговиот син мултимилионер не би било толку лесно да се здобие со сопствено живеалиште . Сајтовите за недвижности покажуваат дека на неговата улица се продаваат куќи за 10,5 милиони долари и друга куќа за 4.995 милиони долари , а пак трета куќа е изнајмена за 14 950 долари месечно . На истата улица не можат да се најдат никакви куќи , чија цена е под 2,5 милиони долари.
Откако ги платил даноците , за Спигел веројатно останале околу 5 милиони долари од продажба на своите акции во Snapchat. Зошто да троши половина од овие пари за куќа во неверојатно соседство кога може да живее во истата населба бесплатно ? Само затоа што човек е богат, не значи дека треба да постапува глупаво .
Слично
