Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шарли продолжува да го тресе светот: Протести во престолнината на Нигер поради карикатурите на Мухамед

Шарли продолжува да го тресе светот: Протести во престолнината на Нигер поради карикатурите на Мухамед

Околу 1000 лица, воглавно млади, се собрале денеска во престолнината на Нигер Нијамеј за да протестираат поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во весникот „Шарли Ебдо“.

Демонстрантите кои се собрале пред големата џамија во Нијамеј, фрлале камења врз припадниците на полицијата, која употребила солзавец за да ги растера.

Протестот е организаиран после вчерашните демонстрации одржани во градот Зиндер, втор во големина во Нигер, каде четири лица загинале а 45 се повредени.

Како што изјавил министерот Масауду Хасуми, во вчерашниот инцидент загинале еден полицаец и тројца цивили.

Во текот на протестот се запалени францускиот културен центар и три цркви.

Националното радио пак јавило дека во протестот се повредени 22 припадници на силите за безбедност како и 23 демонстранти.

Слично

Поврзани вести