„Шарли ебдо“ брутални кон загинатите сонародници
Француското сатирично списание „Шарли ебдо“, кое беше нападнато од терористи во почетокот на јануари и беа убиени 12 вработени во редакцијата, излезе со нова карикатура на главната страница поврзана со нападите во Париз во петокот.
„Тие имаат оружје. Не е важно, ние имаме шампањско“, пишува списанието.
Главниот уредник истакнал дека „без да се сфаќа парижаните во 2015 станаа како лондончани во 1940 година - решени да не го поднесуваат стравот што и да се случува. Ова е единствениот одговор кој можеме да го покажеме пред терористите“.
Потсетуваме дека во петокот седум терористи нападнаа шест места во француската престолнина Париз. За околу 30 минути тие убија 129 лица. Повеќе од 350 беа повредени. Ова е најголемиот смртоносен терористички напад во Франција од Втората светска војна. Одговорноста за нападите ја презеде „Исламска држава“.

