Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шариф: Постигнат е итен прекин на огнот

Шариф: Постигнат е итен прекин на огнот

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф соопшти дека Иран, САД и нивните сојузници се договориле за итен прекин на огнот, кој стапува во сила веднаш и ги опфаќа сите жаришта на конфликтот, меѓу кои и Либан.

Во објава на Икс, Шариф оцени дека двете страни покажале голема мудрост и разбирање, при што, според него, останале конструктивно вклучени во напорите за обезбедување мир и стабилност.

Тој најави и дека делегации од Иран и САД се поканети во Исламабад во петок, на 10 април, каде треба да продолжат разговорите за конечно решавање на отворените прашања.

Во изминатите денови, Шариф беше активно вклучен во дипломатските иницијативи меѓу спротивставените страни. Според „Гардијан“, тој вчера побарал од американскиот претседател Доналд Трамп да ја одложи најавената ескалација на нападите врз Иран.

Пакистанскиот премиер изрази уверување дека претстојните средби во Исламабад можат да отворат пат кон потраен мир, а воедно најави и можни нови охрабрувачки сигнали во деновите што следат.

Претходно, Трамп изјави дека по разговорите со пакистанското раководство бил прифатен двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран.

Набргу по таа објава, иранските власти исто така го потврдија договорот, наведувајќи дека тој предвидува и продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина.

Слично

Поврзани вести