Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шанси за „бегство“ во Германија-дали е така лесно како што кажуваат ?!

Шанси за „бегство“ во Германија-дали е така лесно како што кажуваат ?!

Фактите се испреплетуваат со дезинформации и митови кога е во прашање шансата на граѓаните од балканските земји да се вработат во Германија.

Добри шанси за оние со бараните квалификации навистина постојат.

Не поминува ни еден ден а во медиумите на земјите од таканаречен Западен Балкан да не се објави по некој текст за наводно големи шанси за вработување во Германија. 

Тука се сведоштвата на луѓето кои успеале, форумци кои и на други им препорачуваат да спакуваат се во два куфери и да тргнат, неретко и фантастични приказни дека се оди брзо и лесно, без никаква бирократија и дека економски најмоќната земја на Европа, еве, само чека да и се јавите па да ве вработи. Така неодамна медиумите на албански јазик јавија дека моментално 46 000 работни места во Германија се резервирани само за луѓе од Косово и Албанија. Испадна дека дел од приказната е чиста научна фантастика.

„Извор кои тие бројки ги споменувате е интернет страницата „Маke it in Germany“, тоа е официјален повеќејазичен онлајн портал за странска работна сила кој го водат германските министерства за економија и работа и Сојузната агенција за работа“, објаснува Кеа Декер, бизнис директорка во централната на германската Агенција за работа која се занимава со мигранти заинтересирани за работа во Германија.

Декер за Дојче Веле го открива митот за тоа дека работните места „се резервирани“ за државјани на оваа или онаа земја: „Сите понудени места на тој портал на Агенцијата за работа ги пријавиле фирми како места кои треба да ги пополни работна сила од странство. Понудата тука е за сите заинтересирани со квалификации и не е упатена исклучиво за албански граѓани и граѓанки.

Кој е на „позитивната листа“?

Страницата „Make it in Germany“ постои и на српски јазик, ама не и на македонски (http://www.make-it-in-germany.rs/) и им нуди на сите заинтересирани со неколку кликови да дојдат до препораки (прашалникот сепак се пополнува на англиски или германски јазик). Во зависност од тоа дали сакате да работите, студирате или завршите занает, од која земја доаѓате и каде сте стекнале диплома, алогоритамот препорачува најдобри опции.

Овде теоретски може да се пријават и Германци , но Кеа Декер објаснува дека споменатите 46 000 работни места се изберени во оние области каде на Германија веќе со години и недостигаат експерти. Кога е докажано дека во земјата нема доволно експерти во некоја област, тогаш работодавците имаат и правен основ да вработат луѓе од странство.

Меѓу високообразовните пред се се бара работна сила во т.н. МИНТ занимања (области од математика, информатика, природни науки, техника). На Германија пред се и требаат квалификувани работници. Но за да работи некој во Германија, тој не мора да биде високо квалификуван“, наведува Декер. Таа потсетува дека пред три години е олеснето доаѓањето и на оние со средно образование доколку нивното занимање стои на „позитивната листа“ имаат одговарачка диплома која се признава во Германија и понуда за конретно работно место. На „позитивната листа“ со години се бараат негуватели на стари лица, водоинсталатери, железничари, ѕидари, заварувачи, електричари, програмери... Од ланскиот октомври дури постои можност и за вработување на неквалификувани работници.

Наместо барање азил

Пристапот до пазар на труд во претходниот период е посебно олеснет и рекламиран на просторот на Србија и останатите земји од Западен Балкан кои, до избивањето на бегалската криза биле главни земји кои бараа азил. Сега Србија, БиХ, Македонија, Косово , Албанија и Црна Гора се на листата така наречени „сигурни земји на потекло“ а Берлин настојува на нивните граѓани да им приближи легални начини на доаѓање и останување во Германија. Оние кои сепак и понатаму се одлучуваат да побараат азил тука имаат мали шанси: „Не постои пристап на германскиот пазар на труд доколку дозволата за престој не почива на признавање на бегалски статус или принуден статус. „Помалку од еден отсто од барателите на азил од Западен Балкан навистина добие азил во Германија.

Слично

Поврзани вести