ШАНСА И ЗА НИВ: Компанија вработува само ако имате над 55 години
Технолошката компанија од Сеул „EverYoung“ има многу необичен услов при вработување на нови работници а тоа е кандидатот да не смее да биде помлад од 55 години.
Ова е услов уште од самото основање на компанијата чиј назив во превод значи „Засекогаш млади“.
Оваа компанија, е основана во 2013 година, денес вработува 420 работници и сите тие се на возраст од 55 па до 83 години.
Јужнокорејската корпоративна култура е позната по тоа што своите вработени буквално ги тера во пензија штом наполнат 60 години, но Чунг Еунсунг, основач на „EverYoung“, се надева дека неговата компанија ќе го промени начинот на размислување. Тој сака да докаже дека и старите се важни за една компанија како и младите сили.
Всушност, тој на себе во 2013 година си го поставил правилото дека нема да вработи никој помлад од 55 години и денес, четири години подоцна се држи до своето правило.
„Јужна Кореја е соочена со феноменот на стареење на нацијата и верува дека учеството на тие стари лица може доста да допринесе за нашата економија. Додуша, уверен сум дека тие се оние кои може да ја оживеат економијата, бидејќи на тој начин ќе „вдахнат живот“ на луѓето кои се уверија дека се зрели за пензија, вели Чунг и додава: „Всушност верувам дека со вработувањето на стари лица можеме да го подобриме квалитетот на живот, како и благосостојбата во државата“.
