Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАМАР НА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Арапите вложуваат во „Uber“ 3,5 милијарди долари

ШАМАР НА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Арапите вложуваат во „Uber“ 3,5 милијарди долари

 „Uber“ ќе добие поддршка од Саудиска Арабија од 3,5 милијарди долари, што ќе биде најголемата финансиска инјекција во оваа компанија.

Инвестициониот фонд на Саудиска Арабија ќе ја вложи во таа компанија оваа сума, но затоа ќе добие и место во извршниот одбор на компанијата. Како што се наведува, тоа ќе биде Јасир ал-Румајан.

Сепак, критичарите веќе се огласија коментирајќи дека се е една иронија бидејќи Саудиска Арабија не им дозволува на жените да возат.

Овој јавен инвестиционен фонд се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, додека само „Uber“, во моментов вреди околу 62 милијарди долари .

Од своето настојување „Uber“  успеа да собере повеќе од од 11 милијарди долари од разни инвеститори, но овој волг на Арапите е најголема инвестиција во компанијата. Парите ќе послужат за ширење на бизнисот на Блискиот исток, каде жените го сочинуваат дури 80% од вкупниот број корисници на такси услуги во Саудиска Арабија.

Исто така, инвестицијата доаѓа во добар момент за компанијата бидејќи моќните Епл и Фолксфаген најавија инвестирање во нивните конкуренти.

Меѓутоа, останува да се види што е со најавената политика на „Uber“ да вработува и жени возачи, посебно имајќи ги предвид проблемите со кои веќе се соочуваат во таа земја бидејќи со закон им е забрането на жените да возат. Освен тоа, на жените не им е дозволено ниту да влезат во автомобил со човекот кој не е нивен маж, така што услугите на компанијатасе несоодветни за повеќето жени на Кралството.

Компанијата како свој допринос на родната рамноправност нудела и бесплатни возења на жените во Саудиска Арабија на првите избори на кои учествувале и жени.

Слично

Поврзани вести