Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

Технички советници од Северна Кореја пристигнаа во окупираниот украински пристанишен град Мариупол, облечени во руски униформи, јавува CNN, повикувајќи се на извор од украинските безбедносни сили.

Севернокорејските трупи во Мариупол остануваат одвоени од руските единици што ги поддржуваат, изјави извор за Си-Ен-Ен.

Додека другите странски борци во руските редови се интегрираат во единици, Севернокорејците се чуваат одвоени, со сопствено сместување, храна, музика и филмови, додаде тој. Севернокорејски војници биле забележани и во источниот регион Харков, потврдил за Си-Ен-Ен портпаролот на украинската војска.

Друг украински воен претставник изјави дека севернокорејските трупи во Харков „се делат на единици, ги зајакнуваат борбените единици и собираат помалку сили на линијата на фронтот“.

EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA 

Слично

Поврзани вести