Северниот пол пред колапс - Санта мраз колку Индија целосно се стопи
Научниците кои ги следат климатските промени се премногу загрижени за катастрофалните последици врз Северниот пол откако санта мраз со површина на Индија е целосно стопена и загубена засекогаш што може да има опасни ефекти за зголемување на нивото на морињата и страшни поплави.
Џон Турнер од Британското Антарктичко друштво вели дека научниците немаат точен одговор на што се должи ова масовно топење, можеби е од огромната озонска дупка над Северниот пол, од облак формиран како резултат на употреба на тешки хемикалии или пак рапидниот раст на просечните температури.
Ова е големо предупредување за загадувачите со фосилни горива кои испуштаат јаглероден диоксид бидејќи тоа е главната причина за зголемување на атмосферската температура.
Во изминатите години мразот на половите почна да се враќа и забрзано да се формира, но 2016-та беше забележана како најтоплата година во историјата, па неопходно е итно имплементирање на мерките од Климатскиот самит во Париз изминатата година за температурите да не пораснат повеќе од 2 Целзиусови степени до 2020-та.
