Северниот дел на Ирак под контрола на екстремистите – масовни погубувања!
Сунитските екстремисти ја презедоа контролата врз повеќето шиитски градови во северен Ирак, призна официјален претставник на ирачката Влада. Во борбите се егзекутирани десетици цивили и припадници на ирачките безбедносни сили.
Радикалите го нападнале и селото Башер, на само 15 километри од градот Киркук богат со нафта, но по едночасовна борба, нападот бил одбиен.
Ирачката државна телевизија „Иракија“ соопшти дека убила двајца припадници на радикалната Исламска држава на Ирак и Левант (ИСИЛ), но не прецизираше на која локација. ИСИЛ во последната недела успеа да преземе контрола врз огромна територија во централен и северен Ирак, а напредувањето на екстремистите запре во непосредна близина на Багдад.
Обама испраќа војници во Ирак – тврди дека ќе ја обезбедуваат амбасадата
Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права Нејви Пилај вели дека има докази кои речиси сигурно потврдуваат оти припадниците на ИСИЛ вршат воени злосторства во Ирак, убивајќи ги оние што не се борат на нивна страна. Според нејзините сознанија, жестоко страдаат војниците, полицајците, регрутите и останатите кои се предале или биле заробени.
„Иако нивниот број засега не може да биде точно утврден, очигледно е дека систематски се вршени серија ладнокрвни погубувања, повеќето на различни локации во регионот на Тикрит, речиси сигурно во размер на воени злосторства“, рече Пилај.
Слично
