Економија, финансии, бизнис

Контакт

Северна Кореја упати критики до САД поради војната во Украина

Северна Кореја упати критики до САД поради војната во Украина

Поради Украина, Северна Кореја упати сериозни обвинувања до Вашингтон. Севернокорејските  власти велат дека САД води биолошка војна во Украина. 

Вашингтон „формираше бројни биолошки лаборатории во десетици земји и региони, меѓу кои е и Украина, непочитувајќи ги меѓународните договори“, соопшти во неделата официјалната корејска централна новинска агенција (КЦНА), повикувајќи се на, како што рече, она што е „откриено“ од Русија. Москва во март го обвини Вашингтон дека финансира истражување за развој на биолошко оружје во Украина. 

Северна Кореја месецов официјално ги призна двете самопрогласени проруски сепаратистички области во источна Украина, Доњецк и Луганск, што го натера Киев да ги прекине дипломатските врски со Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести