СЕВЕРНА КОРЕЈА: Стоп за сите туристи за да се спречи ебола?!
Северна Кореја од утре го забранува влезот на сите странски туристи во земјата за да спречи ширење на вирусот на ебола на своја територија. Според претставниците на туристичките агенции, ригорозната мерка била донесена поради стравувањето дека туристите од која било земја, без разлика каде престојувале претходно, би можеле да внесат ебола во Северна Кореја.
„Не е познато колку долго оваа забрана ќе биде на сила, со оглед на променливата политика на Северна Кореја, но ние се надеваме дека ќе успееме да ги реализираме трите тури кои ни беа планирани до крајот на 2014 година“, изјаил Ник Бонер од „Кјоро турс“, туристичка агенција со седиште во Пекинг.
Меѓународните патувања во Северна Кореја ионака се ретки, а и во минатото се случувало Пјонгјанг целосно да ги затвори своите граници заради здравствени причини.
Слично
