СЕВЕРНА КОРЕЈА: Со хидрогенското оружје не им дозволуваме на САД да ни се мешаат во државата
Северна Кореја го објаснува неодамнешното тестирање на хидрогенската бомба, велејќи дека тоа е неопходно за да „спречат Вашингтон да влијае врз внатрешната политика на земјата”.
„Историјата покажа дека во меѓународните односи владее законот на џунглата кои им овозможува на Америка и сојузниците да ги уништуваат малите држави низ своите самоволни воени акции. Да имаа Ирак и Либија нуклеарно оружје немаше да доживеат инвазија“, се вели во соопштението на Северна Кореја.
Режимот на диктаторот Ким Јонг Ун тврди дека големите напори и развојот на технологијата ја вовеле Северна Кореја во групата дрѓави со нуклеарно оружје, кои можат да го бранат својот суверенитет и да спречат странски сили да извршат инвазија.
Слично
