Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ: Имаме оружје со кое можеме да ги „збришеме” САД

СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ ЗАКАНИ: Имаме оружје со кое можеме да ги „збришеме” САД
Северна Кореја тврди дека новата хидрогенска бомба може да ги уништи сите територии на Соединетите Американски држави. „Сите техничари и научници на Северна Кореја се многу спремни да детонираат хидрогенски бомби, кои имаат капацитет одеднаш да ги збришат териториите на сите држави на САД. “- се вели во соопштението објавено на државната новинска агенција КЦНА. Пред два дена пак, коментирајќи го тестирањето на хидрогенската бомба, Северна Кореја рече дека тоа е неопходно за да „спречат Вашингтон да влијае врз внатрешната политика на земјата”. „Историјата покажа дека во меѓународните односи владее законот на џунглата кои им овозможува на Америка и сојузниците да ги уништуваат малите држави низ своите самоволни воени акции. Да имаа Ирак и Либија нуклеарно оружје немаше да доживеат инвазија“, се вели во соопштението на Северна Кореја. Режимот на диктаторот Ким Јонг Ун тврди дека големите напори и развојот на технологијата ја вовеле Северна Кореја во групата дрѓави со нуклеарно оружје, кои можат да го бранат својот суверенитет и да спречат странски сили да извршат инвазија.
Слично

Поврзани вести