СЕВЕРНА КОРЕЈА СЕ СООЧУВА СО НЕДОСТИГ НА ХРАНА: Русија испрати 447 кози
Русите испратија помош во Северна Кореја. Русија испраќа помош за Северна Кореја, ќе добие 447 кози.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун и рускиот претседател Владимир Путин на состанокот одржан неодамна во Пјонгјанг договорија соработка првенствено на воено поле.
Во соопштението на руската агенција за заштита на земјоделството, се наведува дека Русија испратила 447 кози во градот Расон, кој се наоѓа во Северна Кореја.
Козите, кои беа извезени од рускиот регион Ленинград, се првата серија домашни животни што Русија има намера да ги испорача на Северна Кореја.
„Козите ќе овозможат млечни производи и ќе го ублажат недостигот на храна во Северна Кореја, во голема мера предизвикан од владините политики“, пишува Политико.
Како што објави Хјуман рајтс воч, 10,7 милиони луѓе во Северна Кореја се неухранети, а 18 отсто од децата имаат нарушен раст и развој поради хронична неухранетост.
Инаку, Русија е меѓународно изолирана поради инвазијата на Украина. Рускиот претседател Владимир Путин ретко патува во странство откако почна војната.
foto kremlin.ru
