Економија, финансии, бизнис

Контакт

Северна Кореја се откажа од дијалогот со САД за нуклеарната програма

Северна Кореја се откажа од дијалогот со САД за нуклеарната програма

Северна Кореја го отфрли предлогот на државниот секретар на САД Рекс Тилeрсoн за започнување билатерални преговори за нуклеарната програма без предуслови. Ова се наведува во коментарот објавен денеска во весникот на Корејската работничка партија "Нодон синмун", пренесе ТАСС.

"Нудејќи ни преговори, САД на тој начин сакаат да ja пренесат на Пјонгјанг одговорноста за заострување на ситуацијата на Корејскиот полуостров", истакнува весникот. Според авторот на статијата Вашингтон сака да го искористи овa одбивање, за да "создаде во Советот за безбедност на ОН соодветното расположение и да прифати нови резолуции за санкции против Северна Кореја, вклучувајќи морска блокада на земјата".

"Нашата позиција е неопходна: ние ќе продолжиме да ги јакнеме сопствените нуклеарни сили", резимира весникот.

На 12 декември Тилерсон изјави дека САД се подготвени да седнат на преговарачка маса со Северна Кореја "без предуслови". Тој, сепак, истакна дека преговори може да има дури по "период на смиреност".

"Ќе биде тешко да разговараме, ако во екот на преговорите одлучите да го пробате новиот уред", рече тој, потсетувајќи за бројните нуклеарни проби и тестови на балистички ракети, кои Пјонгјанг ги изврши во последните месеци.

Слично

Поврзани вести