Северна Кореја: САД сакаат да не нападнат со оружје за масовно уништување
Северна Кореја ги обвини САД дека ги нападнале со антракс и побара од Советот за безбедност на ОН да ја провери оваа ситуација, соопштува „АП“.
Амбасадорот на комунистичката држава во ОН испратил писмо до претседателот на советот и шеф на светската организација, во кое се вели дека САД „поседуваат смртоносно оружје за масовно уништување“ и се обидуваат да го користат против Северна Кореја.
Американски претставници на Министерството за одбрана открија кон крајот на мај, дека ниска концентрација на живи спори на антракс биле доставени во 19 држави и четири членки по грешка. Меѓу локациите е и американска воена база во Јужна Кореја.
Се претпоставува дека антраксот се подложни гама зраци пред да бидат испорачани.
Според официјални претставници нема опасност за јавното здравје.
