Северна Кореја пак истрела ракета
Северна Кореја истрела уште еднаш балистичка ракета, соопшти јужнокорејската агенција Jонхап.
Според агенцијата, ракетата е истрелана во Јапонското Море.
Ситуацијата на Корејскиот полуостров се влоши откако на 6 јануари оваа година Северна Кореја изврши четврти по ред обид со нуклеарно оружје, a на 7 февруари истрела проектил со помош на ракетата-носач, кој може да се користи за нуклеарен удар на растојание 12 000 километри.
Во одговор Советот за безбедност на ОН усвои акутна резолуција, засилувајќи ја економската изолација на Северна Кореја, и покрај уверувањата на Пјонгјанг дека неговите активности се базираат на потребата од заштита од САД.
Слично
