Северна Кореја може да биде жариште каде би се појавиле нови соеви
Северна Кореја може да биде жариште каде би се појавиле нови соеви на ковид.
Свеската здравствена организација(СЗО) е загрижена од високото ниво на пренос на коронавирусот меѓу невакцинираните во земјата.
Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.
„Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни““, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан.
Рајан вели дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.
Северна Кореја пријави уште над 269.000 случаи на симптоми на треска и уште шест смртни случаи, објавија денеска државните медиуми. Епидемијата брзо пламна. Над 15 милиони луѓе во светот починаа од коронавирусот.foto freepik.com
