Економија, финансии, бизнис

Контакт

Северна Кореја ја тресе економска криза

Северна Кореја ја тресе економска криза

Економска криза ја тресе Северна Кореја. 

Лидерот Ким Јонг Ун ги предупредил лидерите на владејачката Работничка партија дека земјата минува низ тешка економска криза.

Побарал воведување на итни мерки за ситуацијата да се подобри. 

Во текот на викендот е одржано пленарно заседание на партијата неколку дена пред истекот на ултиматумот кој Северна Кореја им го поставила на САД во преговорите за денуклеаризација.

Пјонгјанг ветил дека, ако до крајот на годината не се оствари напредок во преговорите, Вашингтон ќе добие "Божеќен подарок", пренесува "Al Jazeera".

Северна Кореја никогаш досега не објавила економски статистички податоци, а единствените информации за економијата  доаѓаат од странство.

Слично

Поврзани вести