Северна Кореја истрела две ракети во морето?
Сеул тврди дека Северна Кореја истрелала нови две ракети во морето.
Северна Кореја денеска истрела два проектили од краток дострел во водите на Јапонското море, информираше армијата на Јужна Кореја.
Новинската агенција Јонхап ја пренесе изјавата на началникот на армијата од Сеул во која тој кажа дека проектилите се лансирани од област во близина на североисточниот брег, без да прецизира за какви ракети станува збор или колку далеку летале.
Во изминатите неколку седмици Северна Кореја во неколку наврати лансираше серија тестирања со балистички ракети од краток дострел.
Севернокорејското тестирање се случува во време кога има застој во дипломатските разговори со САД, а претседателот, Доналд Трамп на повеќе пати имаше неуспешни преговори за нуклеарната програма на северот.
