Северна Кореја е закана и за Европа?
Северна Кореја може да развие балистички ракети, кои стигнуваат до Европа, поскоро од очекуваното.
Oва го тврди францускaта министерка за одбрана, Флоранс Парли.
„Постои опасност Европа да биде на дофат на проектилите на Ким Џонг-ун поскоро од очекуваното“- рече Парли.
Министерката за одбрана објави дека Франција ќе се здобие со беспилотни летала што веќе ги имаат САД, Израел, Велика Британија и Италија, објавија француските медиуми.
Инаку, Северна Кореја соопшти дека со неодамнешните „самоодбранбени мерки“ испратила „пакет-подарок“ до САД и најави дека ќе има уште такви „подароци“.
Севернокорејскиот амбасадор во Женева, Хан Тае Сонг, го кажа ова во обраќањето на Конференцијата за разоружување, која се одржува под покровителство на Обединетите нации, два дена откако Пјонгјанг го спроведе своето шесто и најголемо нуклеарно тестирање, пренесува Ројтерс.
