Северна Ирска не сака да „потоне“ со Англија по Брегзитот
Во Северна Ирска повторно се разгорува сепаратизмот бидејќи без членство во ЕУ многумина сметаат дека и натамошна подреденост во однос на Лондон може да биде бесмислена кога нивните „сонародници“ од Република Ирска имаат европски пасош и сите можни бенефиции од Европската унија.
Лидерот на ирската партија Шин Феин, Џери Адамс, изјави дека Брегзит и извлекувањето на Северна Ирска од ЕУ ќе го уништат договорот од Велики петок, од 1998 година.
- Намерата на британската влада да го извлече Северот (Северна Ирска) надвор од ЕУ и покрај желбите на лу]ето да останат во Унијата, претставува непријателски акт - изјавил Адамс во Даблин.
Зборувајќи на една трибина во ирскиот главен град, Адамс побарал од владата во Лондон „специјален статус“ за Северна Ирска по Брегзит. Ваквиот статус, според лидерот на Шин Феин, нема да го наруши уставниот статус на покраината, како составен дел на Велика Британија.
Освен Шин Фејн кои и натаму имаат свои националистички мотиви сепаратизмот во Северна Ирска со децении беше задушуван, но и самите имале бројни проблеми со ирските католици со кои често се судирале, имале инциденти, ликвидации, атентати, бомбашки напади, па така не значи дека веднаш ќе дојде до припојување кон Јужна Ирска по Брегзитот. Сепак, постои загриженост во Белфаст дека може да дојде до дестабилизација.
