Економија, финансии, бизнис

Контакт

Северна и Јужна Кореја повторно на работ на конфликт

Северна и Јужна Кореја повторно на работ на конфликт
Северна Кореја лансираше две ракети со среден дострел во источните територијални води на Јужна Кореја. Официјален претставник на јужнокорејските власти тврди дека ракетите биле лансирани од севернокорејската област Вонсан, а пред да паднат во морето летале околу 500 километри. Ракетната проба се толкува како демонстрација на сила на севернокорејскиот режим во пресрет на посетата на кинескиот претседател Кси Џинпинг во Јужна Кореја, планирана за 3 и 4 јули. Ова ќе биде првпат по 20 години еден кинески претседател прво да ја посети Јужна, а потоа Северна Кореја. Пекинг е традиционален сојузник на Пјонгјанг и на Северна Кореја и обезбедува неопходна економска помош. Севернокорејски воени претставници го потврдија лансирањето со кратко образложение дека се работи за „рутински воени вежби“. Проектилите биле истрелани без да се објави зона на забранета пловидба.
Слично

Поврзани вести