„Северен поток“ 2 – клучен гасоводен проект за Русија во оваа година
„Северен поток“ 2 е доделен од Москва како клучен гасоводен проект за 2016 година. Благодарение на проширувањето на постојниот гасовод ќе може значително да се зголемат испораките на руски гас во Европа и Германија.
Тоа го коментирал рускиот министер за енергија Александар Новак во интервју за рускиот телевизиски канал „Россија 24“.
Новак се уште не ја исклучува и можноста да биде реализиран и „Турски поток“ - проектот, кој го беше запрен од Европската комисија „Јужен поток“, потсетува уште „РБК“. Договор за изградба на „Турски поток“ беше постигнат кон крајот на 2014 година.
Само една година подоцна, сепак, проектот не е веќе активен, откако турската воена армија го собори рускиот бомбардер „Су-24“.
Сега Новак е категоричен дека „Турски поток“ е поништен, а реализацијата може да продолжи во секое време во текот на оваа година. Според неговите зборови руските власти се подготвени да го рестартираат проектот и ја чекаат иницијативата на ЕУ и Турција.
„Знам дека и Европската комисија, и министрите за енергетика на европски земји работат над ова прашање“, коментирал уште рускиот министер за енергија.
