Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сеул: Пјонгјанг може да ја загрози безбедноста на САД

Сеул: Пјонгјанг може да ја загрози безбедноста на САД
Пјонгјанг има капацитет да произведе нуклеарни направи за ракети кои може да ги загрозат дури и САД, се вели во соопштението на официјален Сеул. Министерството за одбрана на Јужна Кореја предупредило дека Северна Кореја достигнала значителен технолошки напредок и високо ниво на кое може да произведи минијатурни нуклеарни направи, кои може да се постават во повеќе типови ракети. Способноста на Северна Кореја да направи мали нуклеарни вооружувања по се изгледа дека достигна значително ниво, укажало Министерството, пренесува „АФП“. Претставници од министерството истакнуваат дека Северна Кореја, најверојатно, има произведено 40 килограми плутониум подготвен за нуклеарно вооружување и дека земјата сега работи на збогатување ураниум. Се претпоставува дека Северна Кореја  има капацитет за развој на ракети кои би можеле да ги загрозат и САД, укажува Министерството. Пјонгјанг во 2012 година покажа дека има капацитет за развој на ракети кои би биле лансирани од сателит во орбитата, но дека се уште нема спроведено тестирања кои би покажале дека земјата има технологија за потребна за интерконтиненталните ракети. Според податочите на министерството Северна Кореја го зголемила дометот на своите ракети на 10 илјади километри од претходните 7.000.  
Слично

Поврзани вести