Сестри на возраст од 9, 8 и 5 години се пронајдени мртви во езеро во САД
Откако се оддалечиле од својот дом во Тексас, три сестри на возраст од 9, 8 и 5 години се пронајдени мртви во езеро во САД.
Зи Ариел Робинсон Оливер, Амија Хјуџис и Темари Робинсон Оливер, се пријавени за исчезнати во петокот навечер. Нурчачки тим ги извлече нивните тела од приватно езеро на соседниот имот, неколку часа подоцна. Причината за нивната смрт е непозната.
Дадилката ги чувала, додека нивната мајка била на работа. Полицијата потрагата ја насочила кон езерото откако нашле чевли и други делови од облека во близина на водата.
Слично
