Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сериозно во Европа: СЗО предупредува на огромен број млади заразени, само за една недела 300.000 нови позитивни на ковид

Сериозно во Европа: СЗО предупредува на огромен број млади заразени, само за една недела 300.000 нови позитивни на ковид

Светската здравствена организација денеска алармира на огромен број новозаразени со корона вирусот во Европа, наведувајќи во неделниот извештај дека станува збор за 300.000 позитивни само во последната недела, што е многу повеќе кога пандемијата првпат го достигна врвот во март.

Според Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа, станува звор за исклучително сериозна ситуација, бидејќи бројот на новозаразени во повеќе европски земји на дневна основа е највисок во последните неколку месеци.

-Капацитетите за тестирање се зголемија низ цела Европа од почетокот на пандемијата. Младите луѓе во моментов го сочинуваат најголемиот дел од ново регистрираните случаи на коронавирус. Карантинот даде јасни резултати. Во јуни, случаите достигнаа најниско ниво, а сега бројот на нови случаи во септември треба да послужи како повик за будење за сите нас, истакна Клуге на редовниот брифинг.

Пред неколку дена, тој предупреди дека Европа треба да се подготви за зголемување на смртноста од коронавирус во октомври и ноември, предупредувајќи дека ќе биде сè потешко.


Слично

Поврзани вести