СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ЏИЛ БАЈДЕН: Ги криела здравствените проблеми на Џо Бајден?
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден е под закана за тужба.
Лео Терел, претставник на американското Министерство за правда, јавно ја обвини Џил Бајден, сопругата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, за можна кривична одговорност за злоупотреба и занемарување на стари лица, со фокус на прикривањето на здравствената состојба на нејзиниот сопруг.
Обвиненијата беа објавени преку социјалните мрежи, каде што Терел тврдеше дека Џил Бајден била свесна за здравствените проблеми на Џо Бајден, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори, со што ја довела јавноста во заблуда.
На поранешниот американски претседател Џо Бајден му беше дијагностициран рак на простата дури минатата недела, а неговиот „последен познат“ тест на крвта за болеста беше пред повеќе од една деценија, соопшти неговиот кабинет.Фото: EPA ANDREW HARNIK
Слично
