СЕРИОЗЕН РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО - Холандија повлече од пазарот замрзнатите цреши од Србија поради големо количество пестициди
Холандија ги повлече од пазарот замрзнатите цреши со потекло од Србија поради надминување на дозволената количина на пестициди, објави европскиот систем за предупредување и известување за храна РАСФФ.
Станува збор за пестицидот диметоат, кој е откриен во количина поголема од дозволената.
Резултатите од анализата на примерокот од 6 март покажаа дека присуството на тој пестицид изнесува 0,044 милиграми на килограм, додека дозволено е 0,01 милиграми на килограм. Контролата ја направи производителот.
Здравствениот ризик е означен на веб-страницата на RASFF како „сериозен“.
Известувањето за повлекување на замрзнатите цреши беше објавено на веб-страницата на РАСФФ пред два дена.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
