Економија, финансии, бизнис

Контакт

Серија торнада во САД однесоа над 100 жртви

Серија торнада во САД однесоа над 100 жртви

Во серија торнада во САД загинаа над 100 луѓе, а 70 се исчезнати. 

Во центарот на трагедијата е градот Мејфилд во Кентаки, односно тамошната фабрика за свеќи, во која имало околу 110 работници кога била погодена од торнада. Спасени се повеќе од 40 луѓе и гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека ќе биде чудо ако бидат пронајдени уште преживеани.

„Условите со кои што се соочуваат властите и спасувачите се крајно предизвикувачки, бидејќи во Мејфилд се уништени и полициската станица и пожарникарската опрема“, изјави Бешир.

Десетици илјади луѓе во Кентаки се без струја и вода, а најмалку 12 лица загинале во други сојузни држави, вклучувајќи шестмина работници во складиштето на „Амазон“ во Едвардсвил во Илиноис. Бешир прогласи вонредна состојба во Кентаки.

Над 30 торнада се регистрирани во шест сојузни држави. Метеоролозите велат дека е необично вака моќни торнада да се создадат во зимските месеци.

Американскиот претседател Џо Бајден вети помош за централните области на земјата. Тој кажа дека ова се некои од најсилните торнада во историјата на земјата.

foto AP

Слично

Поврзани вести