СЕРГЕЈ И ЉУДМИЛА ИЗБЕГАЛЕ ОД МАРИУПОЛ: Убиваа луѓе на лица, се боревме за гориво да отидеме
Евакуирани од опколениот јужен пристанишен град Мариупол зборуваат за уништување во нивниот роден град по неколку недели руско бомбардирање.
„Не постои Мариупол“, изјави Људмила, 54-годишна наставничка по англиски, за Ројтерс при пристигнувањето во Запорожје, на околу 250 километри. Таа додава дека градот е уништен, пренесува Ројтерс.
„Седевме во подрум 10 дена и никогаш не излеговме надвор. Немавме ниту вода, ниту струја“, рече таа, додавајќи дека многу и недостигаат децата кои ги учела.
„Не можам ни да замислам што ќе правам сега“, додава таа.
„Луѓето гинеа на улиците“
Друг евакуиран, Сергеј (44), вели дека го напуштил Мариупол со семејството, кучето и папагалот. Луѓето се бореа за гориво за да избегаат од градот, изјави тој за Ројтерс.
Тој додава дека мртви тела лежеле на улиците и дека многу луѓе биле убиени додека се обидувале да побегнат од Мариупол.
„Имаше многу луѓе кои умираа на улиците, мртви тела лежеа на улиците“, изјави тој за Ројтерс.
