СЕПАК ЛАЖНА ВЕСТ: Во Шведска не се воведува шестчасовно работно време!
Иако светските и хрватските медиуми (од каде ја преземавме и ние) ја пренесоа информацијата за наводно воведување на шестчасовно работно време во Шведска, оваа информација е далеку од вистинска, пишува уредничката на шведското издание на порталот The Local, Меди Саваж инаку доселеничка во Шведска.
„Можеби е вистина дека Швеѓаните се меѓу оние кои работат најмалку во Европа и го почитуваат балансот помеѓу животот и работата. Но меѓу стотина луѓе кои ги запознав во Стокхолм во последните 13 месеци, никој од нив не работи за работодавач кој нуди толку скратено време. Од иселеници на стартап сцени до Швеѓани кои работат во училишта, медиуми или големи нордиски брендови, не знам за никој кој оди дома пред попладневното кафе“, пишува Саваж .
Таа вели како Тојота во Гетебург пред 13 години преминала во состав на кратки работни часа и како округот Кирун на далечниот север на Шведска на своите работници во 1980 им понудила кратко работно време. Во последно време тоа го направил домот за пензионери во западна Шведска, кој во февруари почнал со шестчасовно работно време, а неговиот пример го следела болницата во Гетеборг. Оттогаш се појавиле неколку фирми кои наводно го тестираат овој концепт, а меѓу нив има и бројни стартапи за кои Саваж верува дека само сакаат за нив да се слушне. И во тоа успеале, а некои од нив успеале во центарот на светската јавност.
„Не знам веќе што да правам. Можеби ја напуштам канцеларијата во 17:30, но во текот на вечерта и викендот проверува мејлови“, вели еден работник од медиумите.
„Хаха, ја прочитав веста во Сандеј Морнинг Херал ова утро во текот на паузата ... и се насмеав“, вели Австралијка која работи во шведска модна индустрија. „Работам веројатно 50 часа неделно, што е повеќе од 40 часа колку повеќето Австралијци“.
