Сепак има докази за егзекуција на цивили во Украина
Амнести интернешнал предупреди дека има докази за руски злосторства во Украина.
Има убедливи докази дека руските трупи извршиле воени злосторства, како и егзекуција на цивили, откако ги окупираа областите околу Киев во февруари и март, пренесува Ројтерс.
„Ова не се изолирани инциденти. Тие во голема мера се дел од моделот секаде каде што руските сили имаат контрола“, рече Донатела Ровера, висок советник на Амнести интернешнал, на прес-конференција во Киев.
Таа изјави дека се надева дека податоците што ги собира оваа организација, порано или подоцна, ќе бидат искористени за да се повикаат на одговорност сторителите.
Украинските власти објавија дека истражуваат повеќе од 9.000 потенцијални воени злосторства. Меѓународниот кривичен суд исто така ги истражува наводните воени злосторства. Во Буча се убиени над 400 цивили.foto EPA/ OLEG PETRASYUK
Слично
