Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сепак има докази дека руските војници убивале цивили во Буча

Сепак има докази дека руските војници убивале цивили во Буча

Сепак, има докази дека руските војници мачеле и убивале цивили во Буча во Украина. 

Германската разузнавачка агенција објави дека пресретнала радио пораки на руски војници кои разговарале за убиствата на цивили во Буча, пишува германскиот весник „Шпигел“, пренесува Укринформ. Наводно, снимката на БНД од Буча покажува дека злосторствата не биле случајни. 

Во радио пораката се наведува дека еден војник му рекол на друг дека тој и неговите колеги пукале во велосипедистот. Во друга радио порака, еден човек рекол: „Прво прашајте ги војниците, па пукајте ги“.

„БНД веќе ги извести надлежните органи на германскиот Бундестаг. Снимките на БНД сугерираат дека тоа не се случајни дејствија или постапки на поединечни војници кои излегле од контрола. Убивањето цивили стана дел од вообичаените акции на руската војска, веројатно дел од стратегијата на Путин. Станува збор за ширење страв и ужас меѓу цивилното население и задушување на отпорот“, стои во соопштението.

Материјалот покажува дека вработените во руските платенички трупи како што е „Групата Вагнер“ одиграле клучна улога во злосторствата. Тие се познати по нивната екстремна бруталност во Сирија.

Русија ги отфрли обвинувањата за извршени воени злосторства над цивили во Буча. Тие тврдеа дека нивната војска се повлекла на 31 март оттаму. 

Украина пак објави дека има масовни гробници и дека луѓето биле со врзани раце, по што војниците им пукале во задниот дел од главата. Во Буча имало и над 25 силувани жени. 

Западните земји бараат да се истражи што се случувало во Буча. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски бара помош во оружје, со целсега Одеса да не биде како Мариупол. 

Слично

Поврзани вести