Сензационално откритие: Таен договор на САД и Русија ги дели Турција и Саудиска Арабија на неколку држави
Пред Владимир Путин да ја даде својата изјава пред ОН во Њујорк на 30 септември 2015 година помеѓу САД и Русија бил склучен договор, пишува Тиери Мејс, познат француски политички консултант, основач и претседател на француската компанија „Русо Волтер“.
Според него, двете страни се согласиле да се борат заедно против „терористичките идеологии“, што значи истовремено против „Исламска држава“, браќата-муслимани и вахабистите поддржани од Саудиска Арабија.
За исполнување на целиот договорот се предвидува да биде преконструирана и картата на Блискиот Исток, со што Турција и Саудиска Арабија ќе бидат поделени во неколку држави. Од Турција се предвидува да бидат одземени окружните места населени со Курди и заедно со сириските и ирачките територии на ова население да се формира независна држава Курдистан.
Денешната вест за заземањето на Синджар од курдските одреди е првиот доказ за постоењето на таков план, смета францускиот политички експерт. Значајно е и тоа дека сириските Курди, кои пред време беа сојузници на армијата на Башар Асад, ја заменија ориентацијата и веќе ја поддржуваат коалицијата на Американците.
Промени се предвидени и за Саудиска Арабија, пишува уште Мејси. Земјата веќе ја губи битката во Јемен и веќе таму војуваат само платеници, а не Саудијци. Според статијата, тоа главно се војници од Судан, на кои Ријад им дава добри плати.
Така да таа земја најверојатно ќе се раздели на три, бидејќи има три главни кланови, кои ја раководат- на актуелниот монарх Салман, на починатиот крал Абдула и принцот Бондара.
