Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕНАТОТ ПОСИЛЕН ОД ОБАМА: Американците може да ја тужат Саудиска Арабија поради 11 септември!

СЕНАТОТ ПОСИЛЕН ОД ОБАМА: Американците може да ја тужат Саудиска Арабија поради 11 септември!

Американскиот сенат го урна ветото на Барак Обама за законот кој би им овозможил на Американците да ја тужат Саудиска Арабија поради нападот на Светскиот трговски центар.

Да потсетиме, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои законот со кој на жртвите на нападот од 11 септември им се овозможува да ја тужат Саудиска Арабија поради отштета.

Законот е усвоен само два дена после 15-годишницата од терористичките напади во Њујорк и Вашингтон, во кои животот го изгубија речиси 3000 луѓе.

Противниците на тие мерки тврдат дека тоа би можело да доведе до затегнати односи со Арабија како и до возвратни мерки на чија мета би се нашле американските државјани или компании во други земји.

Обама изразил „длабока симпатија“ за семејствата жртви, но рекол дека, без разлика на тоа, овој закон би бил „штетен за националнте интереси на САД и ги подбива принципите на суверен имунитет.

Властите на Арабија во април оваа година и се заканиле на администрацијата на претседателот на САД Барак Обама дека ќе го распродадат имотот во САД во вредност од 750 милијарди долари ако Конгресот го усвои законот кој би овозможил на Саудиска Арабија да и се суди за вмешаност во терористичките напади од 11 септември 2001.

Проценките на економистите се дека таквиот потег на американскиот сојузник на Блискиот исток би можел дури и да го залула доларот. Друг голем проблем е воената соработка. САД и Саудиска Арабија се традиционални партнери, а во борба за превласт во муслиманскиот свет помеѓу оваа земја и Иран , САД е отворено на страна на Саудијците. На иста страна се и во Сирија.

Слично

Поврзани вести