СЕНАТОТ НА САД ПРЕСЕЧЕ: Оваа одлука „го збесна“ Трамп
Повеќето сенатори изјавија дека судењето за отповикување против поранешниот претседател Доналд Трамп е уставно, и покрај повиците на републиканците да се откажат од случајот, пренесува Си-Ен-Ен.
За донесување на оваа одлука било потребно просто мнозинство, па судењето е прогласено за уставно бидејќи 56 сенатори гласаа „за“, а 44 „против“.
За уставноста на постапката гласаа и шест републикански сенатори - Бил Касиди, Сузан Колинс, Лиса Мурковски, Мит Ромни, Бен Сас и Пат Тумеј.
Во продолжение на постапката, раководителите на импичмент и одбраната на Трамп имаат рок до 16 часот во следните два дена да ги презентираат своите случаи.
Прво, менаџерите за импичмент ги презентираат своите аргументи, а познато е дека тие планираат да користат видеа од нападот врз Капитол за да го докажат случајот.
Постапката се очекува да продолжи денес напладне.
Според Си-Ен-Ен, Трамп не е задоволен од презентацијата на неговиот адвокат Брус Кастор, бидејќи било потребно неговиот воведен збор да покаже дека не е уставно да се суди за претседател кој повеќе не е на таа позиција.
Бидејќи правниот тим на Трамп беше составен пред една недела, не е невообичаено што за кратко време не успеаја да формираат убедлива одбрана, велат извори на Си-Ен-Ен.
