Сенатот го одобри наоружувањето на сириските бунтовници
Американските сенатори го усвоија планот на Барак Обама со кој се одобрува наоружување на сириските бунтовници.
Сенатот го одобри контроверзниот план на обука и наоружување на припадниците на умерените струи на сириските бутовници во нивната борба против екстремистите на Исламската држава.
Тој план на претседателот Барак Обама е уосвоен во Сенатот со 78 гласа „за“ и „22“ против, пренесува Танјуг.
Бидејќи Претставничкиот дом на Конгресот истиот предлог го усвоил во средата во 273 гласа, со 156 против, а сега за да стапи истиот на сила, потребно е само да го потпише претседателот на САД.
Слично
