Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сенаторка од есктремната десница со бурка во австралискиот парламент

Сенаторка од есктремната десница со бурка во австралискиот парламент

Претседателката на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“ (One Nation), сенаторката Полин Хансон, во текот на седницата на националниот Сенат носеше бурка со цел да предупреди на безбедносните ризици, потег што наиде на жестока осуда.

Државниот обвинител и министер во австралиската Влада, Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег на Хансен, упатувајќи и „совет и предупредување“ дека со тоа ги навредува верските групи.

Неговиот коментар, како што наведе Би-Би-Си, наиде на аплауз од опозицијата.

-Не, сенаторке Хансон, нема да ја забраниме бурката, додаде Брендис.

Сенаторката Хансон во соопштение наведе дека „потребата од забрана на целосното покривање на лицето во јавноста е важно прашање со кое е соочена модерна Австралија“.

За нејизното залагање да се забрани носењето бурка денеска попладне ќе се расправа во Сенатот.


Слично

Поврзани вести