Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈСТВОТО БОНГО ПОВЕЌЕ ОД 55 ГОДИНИ Е НА ВЛАСТ: Воен удар се случи во Габон

СЕМЕЈСТВОТО БОНГО ПОВЕЌЕ ОД 55 ГОДИНИ Е НА ВЛАСТ: Воен удар се случи во Габон

Воен удар се случи во Габон.

Бунтовничките офицери денеска објавија дека ја презеле власта по, како што ги нарекоа, спорните избори на кои претседателот Али Бонго Ондимба, чие семејство владее со државата богата со нафта повеќе од 55 години е прогласен за победник.

Африканската унија (АУ) го осуди воениот удар. Ова предизвика и тревога од Нигерија поради „заразната автократија“ на континентот каде војската ја презеде власта во пет други држави од 2020 година.

Претседателот на Габон, 64 годишниот Ондимба кој ја презеде функцијата од неговиот татко Омар во 2009 година, е ставен во домашен притвор, а еден од неговите синови e уапсен за предавство. Информацијата ја потврдија бунтовниците кои ја презедоа власта јавува новинската агенција Франс прес.

Во обраќањето пред зори на државната телевизија, група офицери прогласија дека „сите институции на Републиката“ се распуштени, изборните резултати се поништени и границите се затворени.

„Денес земјата минува низ сериозна институционална, политичка, економска и социјална криза“, се вели во соопштението прочитано на државната телевизија.

Семејството Бонго повеќе од 55 години е на власт, од вкупно 63 години независност на Габон од Франција. 

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија работи на постигнување дипломатски решенија по воениот удар во Габон. Истото се однесува и за Нигер, каде претходно имаше државен удар. 

Акциите на три француски компании паднаа денеска на париската берза по воениот удар во Габон, каде што тие дејствуваа.

foto AFP

Слично

Поврзани вести