Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејство живеело во изолација на планина и умрело од глад

Семејство живеело во изолација на планина и умрело од глад

Две жени и едно момче живееле во изолација на планина и умреле од глад. Тие биле од исто семејство. Властите соопштија дека две тела биле пронајдени во шаторот во кој престојувале, а другото тело на надморска височина од приближно 2.900 метри.

Ова се случило во Карпестите планини во Колорадо, а луѓето починале од „глад и студ“.

Според извештајот на Би-Би-Си, форензичарите ги објавија причините за смртта на двете сестри и едно момче (14), чии тела беа пронајдени во оддалечен камп на 9 јули.

Тие најверојатно починале „поради студени временски услови и глад“. Сепак, надлежните изјавија дека причините за смртта уште не се утврдени и дека се чекаат токсиколошките извештаи. Кампот, кој семејството го постави минатото лето за да води „изолиран“ живот, продолжил во текот на целата зима.

Сепак, Ребека Вaнс (42) и нејзиниот син (14) и сестрата Кристин Венс (41) се верува дека починале во текот на зимата.

Полусестрата на Ребека Венс, Тревала Јара, рекла дека избрала да живее во изолација со своето семејство бидејќи „не и се допаѓа како се одвива светот“.

На почетокот на јули, планинар во кампот Голд Крик во Националната шума Ганисон ги информирал властите откако пронашол распаднати делови од тело.

Слично

Поврзани вести