Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејство загина при пад на авион

Семејство загина при пад на авион

Четиричлено семејство загина при пад на мал авион во ценралниот дел на Швајцарија, јавува полицијата.

Во соопштението се наведува дека семејството патувало за Франција и дека авионот се срушил во близина на градот Хергисвил. Загинаа брачен пар и нивните две деца.

Пред доаѓањето на спасувачките екипи, властите испратија хеликоптер за да го угасне пожарот кој настана по падот на авионот.

Истрагата е во тек.

Слично

Поврзани вести